Кошаркарите „преживеаја“ во Романија

56

Македонската кошаркарска репрезентација се пласираше во главната фаза од квалификациите за Европското првенство во 2021 година, иако на гостувањето во Плоешти загуби од селекцијата на Романија со 65:53.

„Црвено-жолтите“ не смееја да си дозволат пораз од 14 поени разлика, тотално потфрлија во нападот, но за среќа Романците ги промашија последните два шутеви и стигнавме до резултатот што го посакувавме, за осигурување на првото место во групата.

Најефикасен кај избраниците на селекторот Јорданчо Давитков беше Дамјан Стојановски со 13 поени, еден помалку постигна Војдан Стојановски, додека Хендрикс го заврши натпреварот со осум коша и девет скокови.