Копенхаген е најдобриот град за живот во Европа

115

Копенхаген е прогласен за најдобар град за живот за Европејците. По него, на второто место се најде Берн во Швајцарија, а третото место го делат Женава и Хаг.

Градовите во Скандинавија, Холандија и Швајцарија доминираат во Топ 20 градови за европските емигранти, покажуваат податоците на консултантската куќа ЕЦА Интернешнал. Единбург е единствениот британски град меѓу дваесете најдобри, а Абердин се наоѓа на 21 место.

Даблин и оваа година се наоѓа меѓу првите десет градови, делејќи го деветото место со Гетеборг и Луксембург.

Надвор од Европа, високо се рангирани градовите во Канада, како и Канбера во Австралија и Велингтон во Нов Зеланд, додека Сингапур е единствен азиски град кој се наоѓа на листата на Топ 100 градови најдобри за живот.