Компјутерот од 71.600 играчи пресмета кој е најсличен со Меси

161

Иако треба да го одигра и финалниот натпревар во Купот на Шпанија, најголемата ѕвезда во дресот на каталонскиот гигант Барселона, Лионел Меси, сезонава веќе постигна 50 погодоци и запиша 22 асистенции. На тој начин, аргентинскиот интернационалец и по шести пат сезоната ќе ја заврши со најмалку 50 постигнати погодоци.

Единствен фудбалер кој може да се спореди со Меси, кога се во прашање успесите и наградите во последните десет години е Кристијано Роналдо, но аналитичката фирма, Дриблаб, се обиде да го пронајде играчот кој има најслични карактеристики со фантастичниот Аргентинец. Специјалниот софтвер направи анализа на дури 71.600 играчи од 2.300 клубови. Пресметани беа ударите кон противничкиот гол, колку удари биле потребни за да се постигне погодок, колкав е бројот на точни додавања, колку точни топки се примени во противничкиот погодок…

Софтверот покажа дека најслични карактеристики со Лионел Меси има белгискиот интернационалец од редовите на лондонскиот премиерлигаш Челзи, Еден Азар. Офанзивниот играч за врска има дури 92.7% слични карактеристики со 10-та на Барселона. На втората позиција е бомбардерот на ПСЖ, Килијан Мбапе со 91.3%, а на третата позиција е неговиот сонародник, Серхио Агуеро со 91.1%.