Клоп го мерка Коман

48

Францускиот интернационалец од редовите на актуелниот шампион на Германија, тимот на Баерн (М), Кингсли Коман, е најновата желба на менаџерот на англискиот премиерлигаш Ливерпул, Јирген Клоп.

Трофејниот германски стручњак е убеден дека Коман без никакви проблеми ќе се адаптира на неговиот стил и дека “црвените” ќе бидат уште поефикасни.

Сепак, големата желба на поранешниот предводник на Мајнц и Борусија од Дортмунд може да стане реалност само доколку официјалната понуда не биде помала од 100 мил. фунти.