Ако ја сакате природата, планините и снегот, а притоа и да уживате со пијалок, тогаш кафуле на Непал е идеално место за вас

Кафулето се вика World’s Highest Bakery Cafe и се наоѓа во Лабуче на Непал. Оние кои се движат кон базниот камп на Монт Еверест дефинитивно на својот пат ќе наидат на ова кафуле, два дена пред да стигнат до самиот камп.

Кафулето е идеално место за пауза и тука може да уживате во кафе, пиво, или пита од јаболка. Местото се наоѓа на 4.930 метри надморска височина, а самото загревање на водата до вриење трае 15 минути.