Карла е најомразената жена во Велика Британија!

290

Британската инфлуенсерка Карла Белучи (43) со години ги полни насловните страници со своите контроверзни изјави и постапки кои предизвикуваат бурни реакции во јавноста. Од признавањето дека лажирала депресија за да добие бесплатна операција на носот, до наплата на божиќната вечера на сопственото семејство, до остри критики на родителите и нивните деца, Белучи никогаш не престанува да предизвикува поделени мислења. Оваа инфлуенсерка останува доследна на својот неконвенционален начин на живот, и покрај многуте критики со кои се соочува.

Во продолжение ви ги претставуваме најконтроверзните моменти од нејзиниот живот кои ја направија, како што многумина ја нарекуваат „Најомразената жена во Велика Британија“.

Во 2019 година, Карла призна дека лажирала симптоми на депресија за да добие бесплатна операција на носот преку Националната здравствена служба (NHS). Ова признание предизвика незадоволство во јавноста, која ги сметаше нејзините постапки како неетички и навредливи за вистинските пациенти кои страдаат од ментална болест. Таа, сепак, тврдеше дека го користела само системот што бил достапен.

Карла повторно предизвика бура со тоа што објави дека оваа година за божиќниот ручек на гостите во нејзиниот дом ќе наплати 200 фунти, што е околу 240 евра по лице. „Ако не сакаат да платат, не доаѓајте“, изјави Карла во интервју за „Дејли мејл“. Оваа одлука предизвика лавина критики на социјалните мрежи, каде корисниците ја нарекоа бесчувствителна и себична. Сепак, Карла се бранеше дека нејзиниот труд и квалитетот на храната ја оправдале високата цена.

Карла предизвика бурни реакции со своите изјави за родителите и децата. Во едно интервју таа ги опиша децата кои сакаат да станат инфлуенсери како „генерација морони“ и додаде: „Родителите се најголемиот проблем. Тие се мрзливи луѓе кои воспитуваат деца без никакви други амбиции освен желбата за слава на социјалните мрежи“.

Овие изјави не беа добро прифатени, а многумина ја обвинија дека ги генерализира и омаловажува родителите кои се трудат да им го обезбедат најдоброто на своите деца.

Карла имаше десетгодишна врска со Џовани Пинкај, кој во тоа време беше оженет. За време на нивната афера, Џовани ја поддржувал Карла финансиски, вклучувајќи и плаќање кирија од 5.000 фунти и опремување на нејзиниот дом. Карла во знак на благодарност го истетовирала неговото име на телото. По десет години врска Џовани ја остави сопругата, а тој и Карла се венчаа минатата година. Карла отворено призна за The Sun дека на почетокот на нивната врска била мотивирана од неговата финансиска состојба, изјавувајќи: „Секако дека ме привлекуваа неговите пари, но сега навистина го сакам“.

За време на економската криза, Карла организирала луксузен лов на велигденски јајца за своите деца, со парични награди, што предизвикало бес во јавноста. Таа на критиките одговори: „Моите пари, моите правила. Ако можам на моите деца да им го дадам најдоброто, зошто да не? Оваа изјава дополнително го нагласи нејзиниот статус на поларизирачка фигура која не се грижи за мислењата на другите.

Нејзините редовни појавувања на телевизија и во таблоидите често се придружени со контроверзни изјави, кои многумина ги доживуваат како намерно привлекување внимание. Карла во неколку наврати изјавила: „Не ми е гајле што мислат луѓето за мене. Јас го живеам животот како што сакам“. Ваквиот став и одбивање да се усогласи со нормите само ја засили перцепцијата за неа како личност која нема емпатија кон другите и ја користи секоја можност за медиумско изложување.

ИЗДВОЕНИ