Кандидатот за градоначалник на Кавадарци, Митко Јанчев најави изградба на Центар за лица со посебни потреби

82
Кандидатот за градоначалник на Кавадарци, Митко Јанчев, најави изградба на Центар за лица со посебни потреби. Со тоа, како што рече на денешната прес конференција, ќе се подобрат условите за живот на повеќе од 40 фамилии во Вардарски регион. Тој додаде дека тоа ќе значи згрижување и интегрирање.
Досегашниот градоначалник информираше дека услугата за дневно згрижување ќе важи за лица со попреченост над 18 години.
– Ќе има индивидуални активности за стекнување на животни и работни вештини. Социјални, културни и рекреативни активности. Но, и помош и поддршка за нивните семејства, соопшти Јанчев, кандидат за градоначалник од редовите на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата.
Тој најави и проект за деца со попреченост, лесен аутизам и со даунов синдром.
– Проектот ќе обезбеди помош и поддршка за овие лица. Целта е остварување на стручни техники, хуманитарни, образовни, спортски и други права и интереси на овие деца и млади. Ќе имаме и реконструкција на игралиштето за поставување на вештачка трева. Осветлување со рефлектори, набавка на сите потребни спортски реквизити за тренинг, ангажирање на стручно лице за физичко и здравствено образование на овие наши сограѓани, рече Јанчев
Како што информираше градоначалникот, проектот ќе се реализира во соработка со Министерството за труд и социјална политика.