Кам-бек на Хумелс

127

По пауза од три години, сега веќе поранешниот репрезентативец на Германија, Матс Хумелс, повторно ќе го облече дресот на Борусија од Дортмунд. Централниот дефанзивец во 2016 година си замина од „Сигнал Идуна Парк“ и потпиша за големиот ривал, Баерн (М).

Сепак по три години поминати на „Алијанц арена“, Хумелс реши да се врати во Дортмунд. За да повторно ги осигураат услугите на централниот дефанзивец, раководните лица на Борусија мораа да го прифатат побараното обесштетување од 38 мил. евра.