КАДЕ Е КЕЈТ? Принцот Вилијам со децата нервозно ја чекаше жена си, па се јави кај обезбедувањето со инструкции

1415

Британското кралско семејство присуствуваше на традиционалната божиќна миса одржана во Сандрингем, каде Кејт Мидлтон и принцот Вилијам се појавија со нивните деца, принцовите Џорџ (11) и Луис (6) и принцезата Шарлот (9).

Вирално видео кружи на социјалните мрежи на кое се гледа дека Кејт е во центарот на вниманието и разговара со толпата која дошла да ги поздрави.

Меѓутоа, за тоа време Вилијам веќе заминал со децата и ја чекал Кејт, која се ракувала и добивала подароци.

Кога сфатила дека нејзиното семејство ја чека, Кејт се пошегувала, велејќи му на еден обожавател: „Изгледа дека го изгубив семејството“.

Вилијам беше на телефон додека ја чекаше Кејт
На видеото се гледа како Вилијам во еден момент посегнува по мобилниот телефон, а многумина коментираат дека е можно да и се јавил на Кејт и да и рекол да побрза.
Но, некој забележал дека еден од обезбедувањето, кој стоел зад Кејт, исто така зборува на мобилниот телефон, па се посомневале дека Вилијам му се јавил со упатства Кејт да побрза и да се поздрави.

ИЗДВОЕНИ