Девојката која е позната како Seaside Girl Little Seven редовно постира снимки од себеси како јаде морска храна, но овој пат, со надеж дека ќе стекне поголема популарност, се обиде да направи нешто поинакво.

И навистина излезе поинакво, а таа стана популарна… но, добро, не баш на посакуваниот начин.

Во видеото споделено на популарната платформа за куси видеа Kuaishou може да се види како девојката се бори со октоподот во обид живо да го изеде осумкракото суштество.

Октоподот не се предаваше толку лесно и како што се гледа, пресметано се залепи за нејзиното лице.

Е сега, чинот на воинствениот октопод несомнено бил болен судејќи според изразот на лицето на октопождерката.

А чуму зборови, погледнете ја во видеото оваа инстант карма.