Има подобра опција од фудбалер кој е без договор

271

Постои само една категорија на фудбалери која е подобра од таа на која им истекува договорот „на лето“. Тука станува збор за играчите кои имаат договор до следното лето.

Играчите кои имаа договор со својот клуб до 30. јуни 2019 година имаа право да преговараат со заинтересираните клубови од 1 јануари 2019 година. Тие немаа потреба од некаква дозвола за да седнат на преговарачката маса, а можеа да се договорат и за преселба откако ќе заврши сезоната. Тоа значи дека ќе пристигнат како слободни играчи, без никакво обесштетување.

Фудбалерите кои имаат договор до 30 јуни 2020 година сè уште ја немаат потребната дозвола за да седнат на преговарачката маса. Прво раководните лица на клубот треба да ја прифатат понудата, а потоа играчот ќе има право да ги договара личните побарувања.

Сепак, доколку фудбалерот изрази желба за промена на клупската средина и доколку не сака да ја продолжи соработката со моменталниот клуб, тогаш раководните лица немаат друга опција освен да го стават на трансфер-листата и да заработат какво такво обесштетување за неговите услуги. Има фудбалери кои се купуваат за половина цена и затоа овие фудбалери се најбарани.

Англиските медиуми составија список со десет фудбалери кои вреди да се купат затоа што имаат договор со својот клуб до 30 јуни 2020 година.

1.КРИСТИЈАН ЕРИКСЕН (Тотенхем, 85 мил. евра)Плејмејкерот на Тотенхем преку својот агент порача дека има потреба од нов предизвик. Данецот е еден од ретките играчи на овој список кој ќе ја задржи својата цена иако му истекува договорот.

2.МАРКУС РАШФОРД (Манчестер Јунајтед, 80 мил. евра)Младиот (21) напаѓач на Јунајтед е класичен пример на фудбалер со „излезен“ договор. Во неговиот актуелен договор има опција истиот автоматски да биде продолжен за уште една сезона. Тешко дека ќе си замине од „Олд Трафорд“.

3.ДАВИД ДЕ ХЕА (Манчестер Јунајтед, 70 мил. евра)Зад шпанскиот интернационалец е катастрофална сезона во која беше еден од најлошите играчи на Јунајтед. Де Хеа е осум години дел англискиот клуб и сосема нормално го бркаат од „Олд Трафорд“. За да ја врати својата репутација, Шпанецот мора под итно да најде нов клуб.

4.ВИЛИЈАН (Челзи, 50 мил. евра)Офанзивниот играч за врска од редовите на лондонскиот премиерлигаш Челзи сигурно ќе го напушти „Стемфорд Бриџ“ за време на летниот преоден рок. До крајот на летото ќе наполни 31 година и неговиот следен клуб ќе плати помалку од тоа што вреди.

5.ТОБИ АЛДЕРВИЛД (Тотенхем, 40 мил. евра)Дефанзивецот на лондонскиот премиерлигаш Тотенхем е активен на пазарот за фудбалери затоа што има 30 години. Факт е дека само уште неколку години може да игра на највисоко можно ниво.

6.ИЛКАЈ ГУНДОГАН (Манчестер Сити, 40 мил. евра)Станува збор за идентична ситуација како и таа во која е крилниот напаѓач на Манчестер Јунајтед, Маркус Рашфорд. Иако има договор до 2020 година, тешко е за верување дека репрезентативецот на Германија ќе си замине од „Итихат“ за време на летниот преоден рок.

7.РАЈАН СЕСЕЊОН (Фулам, 35 мил. евра)Младиот фудбалер кој игра како лев бек и лево крило пред две години беше најголем хит во англиската втора лига. Се очекуваше најзаслужниот за пласманот на Фулам во Премиер лигата да биде хит и во најквалитетното натпреварување, но Сесењон одигра под очекуваното ниво и Фулам не обезбеди опстанок во елитното друштво. Сепак, Сесењон не е играч за Чемпионшип.

8.НЕМАЊА МАТИЌ (Манчестер Јунајтед, 35 мил. евра)Како и поголемиот дел играчи на Манчестер Јунајтед и српскиот интернационалец стои на крстосница. Ова лето ќе наполни 31 година и добро знае дека ова му е последна шанса да потпише побогат договор, но со некој друг клуб.

9.ЈАН ВЕРТОНГЕН (Тотенхем, 30 мил. евра)Овој 32-годишен белгиски дефанзивец дури седум години го носи дресот на лондонскиот премиерлигаш Тотенхем. Идентично како и репрезентативниот колега, Тоби Алдервилд, има договор со „петлите“ до 2020 година. Исто така, Вертонген е постар и затоа ќе биде продаден за време на летниот преоден рок.

10. ЕРИК БАИЛИ (Манчестер Јунајтед, 30 мил. евра)Пред три години, Јунајтед го купи за 38 мил. евра, но од тогаш, централниот дефанзивец има одиграно само 74 натпревари. Изминатата сезона ќе ја памети по лошите игри и постојаните повреди, а неговиот тим заврши на 6-та позиција. Репрезентативецот на Брегот на Слоновата Коска запиша само 18 натпревари и голема е веројатноста дека ќе биде продаден за време на летниот преоден рок.