Или Ферари е многу моќен, или Хамилтон му пушта водичка

99

Во досегашниот дел од претсезонските тестирања во Каталуња, болидот на Ферари се покажа како најбрз на патеката, а тоа беше причина повеќе актуелниот шампион и пилот на Мерцедес, Луис Хамилтон, да даде свое видување и оценка за добрите резултати на тимот од Маринело.

Британецот сега смета дека Ферари навистина изгледа импресивно и дека ќе биде интересно на патеката оваа сезона.

  • Ферари во моментов изгледа навистина силно, мислам дека имаат подобар пакет од минатата сезона. Сигурно дека на патеката ќе не очекува поголем притисок и предизвик. Ферари секогаш изгледа моќен, а тоа се покажа и изминатите неколку години. Што се однесува до Мерцедес, ние длабоко гледаме на работите и се натпреваруваме сами против себе, да се надминеме себеси во перформансите, а што се однесува до новиот двоец во Ферари, Фетел – Леклер, мислам дека е далеку од тоа да се очекува дека Леклер веднаш ќе го победува Себастијан на патеката, истакна Хамилтон.

Но, такви беа прогнозите и минатата сезона, кога тимот од Маранело имаше добар старт, но кошмарен завршеток на сезоната, поради кој ја загубија титулата во најбрзиот циркус на денешницата. Истото се случи и пред две години, така што добриот старт на Ферари оваа година не треба да значи и помоќен болид во однос на Мерцедес. И покрај се, во црвениот тим дојде до промена на неколку влијателни луѓе, пред се кај механичарите, па останува да видиме дали Ферари конечно ќе дојде до титулата по пауза од 11 години, кога во 2008 година Финецот Кими Раиконен за последен пат му донесе титула на тимот.