Израел: Преговорите во Катар за продолжување на примирјето влегоа во ќорсокак

193

Шефот на израелската разузнавачка служба Мосад, Дејвид Барнеа, му нареди на израелскиот преговарачки тим да се врати во Тел Авив бидејќи преговорите во Катар за продолжување на примирјето со Хамас „завршија во ќорсокак“, соопшти кабинетот на израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху.

„Терористичката група Хамас не ги исполни своите обврски од договорот, кој вклучуваше ослободување на сите жени и деца кои беа на списокот доставен до Хамас“, се вели во соопштението.

Барнеа им се заблагодари на шефот на ЦИА, на египетскиот министер за разузнавање и на премиерот на Катар за нивните партнерски и посреднички напори што доведоа до ослободување на 84 израелски граѓани од Појасот Газа, покрај 24 странски државјани.

Седумдневниот прекин на огнот во Појасот Газа заврши во петокот.