Изложба на Калина Брајковска во НЛБ Галерија

60

Во НЛБ Галеријата, утревечер ( 22 јануари), во 20 часот, ќе биде отворена изложба на дела од Калина Брајковска.

Изложбата содржи 20 дела масло на платно изведени во неоекспресионистички стил, во кои авторката со радост им пркоси на обликот и формата.

“Во времето кое стои помеѓу нас и класичниот сликарски пристап, Калина Брајковска е на границата помеѓу двата света, оној кој заминал и оној кој доаѓа. Нејзиниот гест е израз на контраста помеѓу се околу нас, тоа е приказ сличен на земјата на Петар Пан“, стои во најавата за изложбата.