Играчите мора да сфатат дека играат за МЗТ Скопје

219

Кошаркарскиот вицешампион на Македопнија, екипата на МЗТ Скопје славеше во дерби дуелот против Блоктохена со 97:90, на стартот на новиот дел од сезоната во најслината домашна кошаркарска конкуренција. Со овој триумф „металците“ се израмнија според досегашниот биланс со гевгелискиот состав и единствено Работнички е подбар на првенствената табела.

Во натпреварот со 20 тројки, девет за тимот од Аеродром и единаесет за Блоктоехна, екипите беа речиси израмнети во голем дел од статистичките категории. МЗТ Скопје имаше 62 проценти реализација на ударите за два поени, додека Блокотехна 61 процент, скопскиот состав слободните фрлања ги реализираше со 78 порцентна прецизност, а Блокотехна со 77. Победничкиот состав има 29 скока, поразениот 28. Шестмина кошаркари кај вицепрвакот имаа двоцифрен ефект, кај Блокотхена пет играчи постигнаа двоцифрен број поени.

  • Противникот имаше шутерски ден. Свесно оставивме некои играчи да шутираат, но тие погодија отворени шутеви, што секако не беше нашата идеја. Резултатот ќе беше многу повеќе во наша корист, ако играчите сфатат дека играат за МЗТ Скопје, без разлика дали се една или повеќе минути на терен. Мора да се даде максимумот и само така може да се однесуваат во овој дрес. Очекувано е да имаме падови во играта затоа што играме на два силни фронта. Имаме и по два натпревара неделно и мора да имаме играчи во ростерот. Очекувам конечно да почнеме да играме добро и во македонскиот шампионат, затоа што во првиот дел од сезоната имавме две лица, истакна тренерот на „металците“, Ѓорѓи Кочов.

Двете екипи имаат по 9 победи и 2 порази, по еден во меѓусебните дуели, а по еднаш загубија од актуелниот шампион Работнички. МЗТ Скопје ги продолжува настапите во АБА 2 лигата, каде во четврток гостува кај тимот на Сплит.