Рафаел ван дер Варт е поранешен играч од средниот ред на Ајакс, Хамбургер, Реал (М), Тотенхем и холандската репрезентација, а сега лебот го печали како телевизиски коментатор. Неговите забелешки и коментари често се вирални, а таква стана и последниот што ја даде во интервју за „Talksport“.
Не е никаква тајна фактот дека Ван дер Варт има нешто лично против легендарниот шведски фудбалер и моментално технички директор на италијанскиот калчо гигант Милан, Златан Ибрахимовиќ.
За време на интервјуто, поранешниот репрезентативец на Холандија се присети на периодот кој го помина со Златан во дресот на Ајакс.
-Идиот! Имав среќа што Јувентус го сакаше, за да останам во клубот од соништата“, изјави Ван дер Варт.
Дека сака да биде во центарот на фудбалското внимание Ван дер Варт докажа и со следната изјава дека дури и фудбалерите на Барселона сакаат да играат за најголемиот ривал, Реал (М).
„Реал (М) е клубот за кој секој фудбалер сака да игра. Не знам зошто толку многу, но тие сакаат да играат за Реал многу повеќе од, да речеме, Барселона. Секој фудбалер во светот го сака тоа, па дури и играчите на Барселона сакаат да играат за Реал (М). Јас сум 100% сигурен во тоа“.
На крајот од интервјуто, Холаѓанецот додаде дека направил грешка кога ја прифатил понудата за преселба на „Сантијаго Бернабеу“.
„Заминувањето од Тотенхем е најглупавата одлука во мојата кариера. Мојот сон беше да играм за Реал (М), но да играм за Тотенхем беше привилегија“.
Ван дер Варт со Ајакс го постигна најголемиот успех во кариерата. Двапати беше шампион на Холандија, а еднаш го освои Купот на Холандија и Суперкупот.