И Црна Гора прогласува Ден на жалост поради смртта на детето во трагедијата во Загреб

360

Црногорската влада денеска одлучи да го прогласи 23 декември за ден на жалост поради смртта на детето во нападот врз учениците и наставниците во Хрватска, објави „Вијести“.

„Во согласност со одлуката, на јавни места нема да се одржуваат програми од јавен, културен и забавен карактер, а во угостителските објекти нема да се емитува музика. Електронските и другите медиуми се должни да ги приспособат своите програмски содржини за одбележување на денот на жалост“, соопшти владата во Подгорица.

Премиерот Милојко Спајиќ ја информираше јавноста за одлуката.