Во срцето на Корнвол, на местото на поранешен затвор од 18 век, се наоѓа уникатниот хотел Bodmin Jail, кој на своите гости им нуди незаборавно искуство од комбинација на луксуз и историја. Но, она што го прави овој хотел особено интригантен не се само неговите импресивни камени ѕидови, туку и бројните приказни за паранормални активности.
Поранешниот Bodmin Gaol е дизајниран од Сер Џон Кол, а бил изграден од воени затвореници во 1779 година. Работел 150 години и бил првиот британски затвор во кој затвореници биле држени во единечни ќелии.
За време на вториот дел од Првата светска војна, затворот се користел за чување на некои од британските „Државни документи и записи“, вклучувајќи ја и книгата за Судниот ден.
Затворениците биле подложени на строг режим кој вклучувал: принудна работа на „вечните скали“, целосна изолација, строга тишина, минимални оброци и спиење на тврди дрвени кревети.
Помеѓу 1785 и 1909 година, темните ѕидови на Бодмин Гаол беа сведоци на дури 55 егзекуции, што го прави едно од најозлогласените места за егзекуција во Корнвол.
Меѓу овие трагични судбини се издвојува случајот на Селина Ваџ, млада мајка која во 1878 година беше осудена на смрт со бесење поради убиство на сопственото дете. Според локалните легенди кои се пренесуваат низ генерациите, немирниот дух на Селина никогаш не го напуштил местото на нејзината смрт. Нејзиното етерично присуство сè уште шета по темните ходници на затворот, особено на третиот и четвртиот кат.
Интересно е што трудниците кои ги посетуваат овие катови се наводно најчувствителни на нејзиното присуство. Многумина пријавиле чудни чувства, необични звуци, па дури и визуелни манифестации кои му ги припишуваат на духот на Селина.
Друга позната приказна е поврзана со духот на Шарлот Дајмонд, млада жена која била убиена од нејзиниот љубовник Метју Викс. Според локалната легенда, нејзиниот дух се појавува секоја година на 14 април, облечен во свечен фустан и свилена капа.
Според ТикТокерот Сара, која неодамна го посетила ова место, дознала дека таму наводно живее духот на една девојка по име Хариет.
Во 2015 година започна амбициозен проект за целосна трансформација на овој историски објект, вреден повеќе од 65 милиони евра.
Ова обемно реновирање, кое траеше неколку години, имаше за цел да ја зачува историската вредност на затворот и истовремено да создаде модерна и луксузна дестинација.