Земјата има самоубиствен хороскоп, ама укажува на присуство на сили од Вселената

406

Хороскопскиот знак на Земјата е Бик, а со него владее Венера и на денот на раѓањето четири планети биле во овој знак, ама Месечината ја претставува човечката раса.

Со други зборови, посебно зајакнатото дејство на Сатурн во Вага во прв план го истакнува сето она што претставува: водство, одлука, судбина, мудрост, ограничување, сиромаштија, отуѓеност, студенило…

Симболиката на оваа планета е бројна, а интересно е тоа што таа се препознава во животниот стил на старите луѓе. Зарем таа не е сето она што го претставува Сатурн: телото е во енергетски пад, движењата ограничени, мудроста на врвот, свртеност кон минатото, финансите се ограничени.

Речиси и да не постои датум во годината кој не е прогасен за дан во кој се одбележува нешто. Гледано од астролошки агол, интересен е Денот на планетата Земја кој, секоја година, се одбележува на 22.април. Званично тоа е така од 2009 година, но сето тоа е почнато уште во 1970 година кога американските еколошки активисти одлучија националната обука за животна средина да се нарече така.

Постојат астролошки несогласувања околу тоа кој знак ја претставува планетата Земја. Сепак, повеќето астролози се сложи околу тоа земјата да биде Бик под владеење на Венера. Тој ден, кога прв пат е одбележан Денот на Земјата, дури четири планети биле во овој знак. Тоа во астрологијата се нарекува „стелиум“ и обично укажува на главниот фокус и енергија која е нагласена во некоја астролошка карта.

Овој хороскоп ги нагласува земјоделието, сеидбите, храната, природата, цвеќерто, идиличните ливади. Кога тоа би бил нечиј личен хороскоп, тоа би значело дека личноста треба да се занимава со обработка на земја, приозводство на храна или нешто што е во хармонија со природата. Но ова е хороскоп кој ја претставува планетата Земја, па мора да се земе предвид и положбата на Месечината која ја преставува човечката раса.

Неговата положба во знакот на Шкорпија е неповолен, самоубиствен и се наоѓа во опозитна положба со сите планети во Бик. Тоа значи дека човекот со своето дејствување го прави токму спротивното од она што е во хармонија со законите на планетата Земја. Положбата во Шкорпија претставува смрт и уништување па тоа, освен смртноста како природен човечки циклус, укажува на крајниот исход на човечката раса.

Од друга страна, вестите не се толку лоши, бидејќи Шкорпијата не симболизира само смрт, туку и раѓање од пепелта. Веќе е познато дека бројни цивилизации настанувале и исчезнувале. И нашата ќе исчезне еден ден, бидејќи природниот циклус наложува дека мора да се роди нова.