Поранешниот премиер на Велика Британија, Борис Џонсон, иако повеќе не е на власт, продолжува да го разгорува конфликтот во Украина, изјави портпаролката на Министерството за надворешни работи на Русија, Марија Захарова, коментирајќи ја изјавата на Џонсон за можното испраќање војници во Украина.
– И покрај тоа што се откажа од власта, Џонсон продолжува да провоцира и поттикнува – не може и не умее ништо друго – ја коментираше Захарова неговата изјава за руските медиуми.
Таа посочи и дека во Велика Британија ги блокираат сите обиди за барање дипломатски решенија за конфликтот и отворено се спротивставуваат на Русија, вклучително и во областа на тероризмот.
„Не е првпат Британија да биде вклучена во антируски активности: соучесништво во терористички акти, давање информации на режимот во Киев за планирање напади, испраќање припадници на специјалните служби за координација на борбени и терористички акти против Русија, како и како испорака на оружје“, потсети Захарова.
Поранешниот британски премиер, Борис Џонсон, кој беше на функцијата од 2019 до 2022 година, во интервју за „GB News“ изјави дека Велика Британија би можела да испрати војници во Украина доколку Доналд Трамп, победникот на претседателските избори во САД, одлучи да го намали финансирање на Киев.