Заменик министерот за економија и труд, Марјан Ристески најави дека новогодишната потрошувачка кошничка и граѓаните треба да ја очекуваат наредниот месец и истака е скроена заедно со Со бизнис секторот, стопанските комори, имавме состаноци и со синдикатите и со Организацијата за заштита на потрошувачите. Тој очекува дека новогодишната потрошувачка кошничка ќе им донесе бенефити за граѓаните, бидејќи во изминативе години беше пракса цената на одредени производи за време на најголемите празници, кога и потрошувачката е најголема, да пораснат

Се подготвува новогодишната потрошувачка кошничка и граѓаните треба да ја очекуваат наредниот месец со околу 500 производи. Производите во кошницата  се кројат во соработка со стопанските комори, синдикатите и Асоцијацијата за заштита на потрошувачите.

– Имавме поопсежни консултации со повеќе фактори што влијаат на крајната цена на производите и што е битна за потрошувачите. Со бизнис секторот, стопанските комори, имавме состаноци и со синдикатите и со Организацијата за заштита на потрошувачите и со внимателно подготвена анализа ќе излеземе за новогодишната кошничка за брзо време. Се надевам дека ќе имаме преку 500 производи кои ќе бидат опфатени со намалување на цени, односно повеќе групи на производи. Ќе има и некои различни производи од есенската потрошувачка кошничка. За граѓаните најбитно е што ќе бидат опфатени производи кои се најзастапени на трпезата за Нова година и за празниците околу Нова година – изјави заменик министерот за економија и труд, Марјан Ристески.

Тој очекува дека новогодишната потрошувачка кошничка ќе им донесе бенефити за граѓаните, бидејќи во изминативе години беше пракса цената на одредени производи за време на најголемите празници, кога и потрошувачката е најголема, да пораснат.

– Со ова имаме две цели – да не дозволиме инфлацијата да оди нагоре, како и стабилизирање на цените на основните прехранбени производи. Министерството за економија и труд будно ја седи примената на Законот за нефер трговски практики. Договорите се потпишани со маркетите. Има детектирани два клучни проблеми, повратот на стоката и во однос на маркетингот. Со Владата, и со Комисијата за заштита на конкуренцијата ќе гледаме да донесеме соодветни одлуки кои ќе бидат во интерес и на производителите, и на добавувачите на маркетите и секако, во интерес на потрошувачите – рече Ристески.