Бугарски пратеници од собраниската комисија за надворешни работи на денешниот форум „Зацврстување на капацитетот и продлабочување на соработката за интеграција на Западен Балкан во конкуретна и социјална Европа“ истакнаа дека позицијата на Бугарија е против разделувањето на Македонија од Абанија во преговарачкиот процес за членство во Европската унија, пренесува 24 Часа.

Но од таму велат дека не можат да го сопрат ветото од Холандија и Франција, така што на повидок е да се растури овој „пакет“.

За пратеничката Џема Грозданова тоа е сепак разбирливо, бидејќи политичката клима и ситуација во двете земји е различна.

– Добро е тоа што наскоро во Европската комисија ќе се решава дали во иднина одлуките за надворешна политика ќе се носат со консензус, односно вето, или пак со двотретинско изгласување – рече Грозданова.

Од друга страна „пакетот“ Црна Гора – Србија треба да биде растурен, затоа што втората земја ќе ја забави интеграцијата на првата додека преговара со Косово.