ЕРДОГАН ПРАТИ АБЕР ДО ПЕНДАРОВСКИ: Продолжува традиционалното пријателство меѓу Скопје и Анкара

138

Нашето членство во Северноатлантскиот сојуз позитивно ќе влијае врз натамошната регионална соработка и ќе придонесе за траен мир и стабилност на Балканот, заложби што заеднички ги споделуваат и Северна Македонија и Турција, порачал претседателот Стево Пендаровски на средбата со амбасадорката на Република Турција, Тулин Еркал Кара.

Претседателот Пендаровски, соопштија од неговиот кабинет, истакнал дека негувањето на стратешкото партнерство со Турција е од исклучително значење за Северна Македонија и изразил очекување за натамошно унапредување и зацврстување на соработката во сите области од заемен интерес.

На средбата, двајцата соговорници разговарале за билатералните односи меѓу Македонија и Турција, при што изразиле задоволство од силното и традиционално пријателство и од континуираниот позитивен тренд, како во политичките, така и во економските односи меѓу двете држави.

Амбасадорката Еркал Кара на претседателот Пендаровски му ги пренела честитките од турскиот претседател, Реџеп Тајип Ердоган, по повод стапувањето на функцијата и му посакала успех во работата, додавајќи дека продолжуваат со поддршката.