Европа на Балканот ги повторува грешките од минатото

134

Европските лидери повторно прават грешки на Западен Балкан со меѓусебен натпревар или третирање на овој регион како отфрлено подрачје кое е небитно за нејзините суштински проблеми, или пак како мочуриште од кое побогатиот и постабилен запад на Европа мора се изолира, се наведува во авторски текст на Фајненшл тајмс.

„Случувањата од последните 200 години покажува дека ниеден од овие пристапи не е исправен – всушност, тие завршуваат со далеку поголеми проблеми. Би била  трагедија за Европската унија да ги повтори грешките од минатото”, се додава во текстот посветен на односот на ЕУ кон Северна Македонија, Албанија како и на остатокот од регионот, кој сака да влезе во европското семејство.

„Фајненшл тајмс“ потсетува дека минатата година откако Грција и Северна Македонија потпишаа историски договор со кој се завршува 27-годишниот спор околу името, појаснувајќи дека е ова редок дипломатски успех на Балканот.

Најнемирен регион во Европа

„Сега повторно ЕУ маневрира за да го одложи почетокот на пристапните преговори со Северна Македонија и Албанија. После одлагањето минатата година, беше повторно пролонгирано до октомври. Ова одлагање е за жалење. Поставувањето на овие држави на патот кон членство не е важно само за одржување на спроведување на реформите, туку и за праќање порака на поширокиот регион, најнемирен во Европа, дека вратата на ЕУ останува отворена”, пишува весникот.

Иако Европска комисија испорача нова препорака минатиот месец за почеток на  разговорите со двете држави, европските престолнини се колебаат заради  антиемигрантските ставови и „заморот од проширување“.

„Парламентот на Германија одложи било каква одлука до септември; Долниот дом на холандскиот Парламент одби почеток на преговори со Албанија. Францускиот претседател Емануел Макрон повеќе сака да посвети внимание на интерните реформи на ЕУ и јакнење на еврозоната, но стравува дека новите преговори за членство би можеле да бидат искористени против него на домашна сцена.”

Но, особено треба да се награди договорот меѓу Грција и Севера Македонија, наведува ФТ и истакнува дека Владата на Зоран Заев покажала голема храброст и инвестирала голем политички капитал во договорот со Атина.

„Иако договорот е цврсто тло на меѓународното право, сè уште добива критики во Северна Македонија и во Грција, каде ќе бидат одржани избори наредниот месец. Силната поддршка на ЕУ низ отворање преговори со Скопје би помогна на зацврстување на договорот“.

Се истакнува дека Албанија направила значаен напредок во реформите, иако „нејзината мрежа на организиран криминал останува европски проблем“, се наведува во текстот во кој се додава дека албанскиот премиер Еди Рама не ги исполнил високите очекувања кои ги ветил претходно.

Влијание на Кина, Русија и Турција

„Ова би можело да биде оправдување прво да ги отворат преговорите со Северна Македонија. Но, временскиот период не би требало да биде предолг, бидејќи може да дојде до јакнење на тензиите во Албанија и меѓу етничките Албанци во Северна Македонија и на Косово“.

Фајненшал Тајмс истакнува дека почетокот на преговорите за членство, „кои би можеле да траат со години“, може да биде најдобар начин на осигурување за  продолжување на реформите.

„Шансата нема да постои секогаш. Затворената врата ќе ги прекине напорите на државите да ги исполнат ЕУ стандардите за владеење и економија. И економијата е, исто така, јак аргумент. Трговијата меѓу ЕУ и шест држави од Западен Балкан минатата година изнесуваше 54 милијарди евра; компаниите од ЕУ се најголеми инвеститори у регионот. Поголем пристап на европските пазари би требало да го унапреди животниот стандард и стабилност.”

Се укажува и тоа како ЕУ во Западен Балкан има ривали во облик на држави како што се Кина, Русија и Турција, кои „сакаат да го прошират своето влијание во регионот, што би можело да има опасни последици“, наведува „Фајненшл тајмс“.