Драмски театар со јавен повик за изведба на претстави од независната продукција

35

Недела на претстави од независната продукција ќе се одржи од 14 до 18 јануари 2025 година во Драмскиот театар Скопје. Како што посочуваат од театарот, публиката ќе има можност да проследи неколку претстави од поновата продукција на независната сцена кои со својата разновидност ќе го збогатат редовниот репертоар на Драмски.

-НУ Драмски театар Скопје ја продолжува традицијата на поддршка на уметниците од независната сцена. Преку Јавен повик објавен на веб страната на Драмски и на социјалните мрежи, театарот ги повикува уметниците да аплицираат за термин за изведба на претстава во продукција на независната сцена. Јавниот повик е отворен заклучно со 30 декември 2024 година. По направената селекција на апликациите за претставите пристигнати на Јавниот повик, Драмски ќе ги отстапи за гостување сцената „Ристо Стефановски“ и „Малата сцена“ на театарот како и потребната техника со што овозможува изведба на новите претстави и презентирање на иновативни, автентични и квалитетни театарски проекти, информираат од театарот.

Како што додаваат оттаму, со поддршката на независната сцена, Драмски театар иницира создавање на силна мрежа на театарската заедница од различни генерации актери, режисери, драматичари, сценографи, костимографи и мултимедијални уметници.

„Неделата на претстави од независнта продукција“ е замислена како платформа за контакти на уметници кои внесуваат свежина, динамика, понекогаш и неконвенционален пристап во процесот на создавање на театарските претстави, што може да води до идни соработки, копродукции и проекти, посочуваат од театарот.

ИЗДВОЕНИ