epa07076893 Juan Martin Del Potro of Argentina reacts during the men's singles final match against Nikoloz Basilashvili of Georgia at the China Open tennis tournament in Beijing, China, 07 October 2018. EPA-EFE/WU HONG

Аргентински тенисер Хуан Мартин дел Потро, го одигра последниот натпревар во кариерата против својот пријател и ривал Србинот Новак Ѓоковиќ. Незаборавно го направи своето збогување со Ноле, одржа говор кој долго ќе се прераскажува, но и трогателните солзи кои ги видоа сите негови фанови.

Ѓоковиќ и Дел Потро плачеа во прегратка, не само затоа што тоа беше емотивен момент кој означува дефинитивен крај на неговата кариера, туку и затоа што и двајцата знаат низ што помина „Џинот од Тандил“ и се уште поминува.

Не е претерување да се каже дека тој ќе се бореше со Ѓоковиќ, Федерер, Надал и Мареј за грен слем титулите да не беа повредите, бидејќи неговиот форхенд беше еден од најсмртоносните што сме ги виделе во тенисот. За жал, поради проблеми со коленото освои само една грен слем тутула и тоа во далечната 2009 година на САД Опен. Покрај тоа, тој освои и два олимписки медали за Аргентина, бронза во 2012 година во Лондон и сребро во 2016 година во Рио, во двата меча го победи  Новак Ѓоковиќ. Прво директно во борбата за бронза, а потоа и во првото коло на Олимписките игри четири години подоцна. За жал, оттогаш неговиот живот се преврте наопаку…

„Кога го одиграв последниот натпревар со Делбонис (во 2022 година), луѓето не знаеја, но следниот ден отпатував за Швајцарија и повторно го оперирав коленото. Тоа беше мојата петта операција. Оттогаш не сум зборувал јавно за операциите пред натпреварот со Делбонис веќе кажав дека тоа е веројатно мојот последен натпревар и чувствував мир и повеќе не се случуваше луѓето постојано да ме прашуваат: Делпо, кога ќе се вратиш да играш, кога ќе играш, сакаме да те гледаме? Но, повеќе не можев да ги издржам болките во нозете, затоа молчев и тајно сакав да ме оперираат, па ќе се вратам ако можам“, изјави Хуан Мартин дел Потро во интервјуто што го даде по натпреварот со Ѓоковиќ, кога веќе беше јасно дека враќањето нема да се случи.

Дел Потро раскажа дека по операцијата во Швајцарија, околу два месеци бил сместен во мало гратче во близина на Базел, кога го известиле дека операцијата не е успешна. Му рекле дека единствена опција е друга операција – шеста. Се обидел се за да ја избегне, како што вели, му дале над сто ињјекции во нозете, колковите, грбот…

“Ме сечеа, ми врзуваа нерви, ме анализираа… Ова е страдањето што го живеев. Така беше од последниот меч со Делбонис до денес. Овој проштален натпревар е само за збогување со тенисот. Немам повеќе желба да играм тенис, бидејќи телото не ми дозволува“, рече Дел Потро, кој се присети на првата операција кога лекарите му рекоа дека ќе се врати за само три месеци, што не беше точно.

„Од таа прва операција, не можев да одам по скалите без болка. Многу ме боли кога спијам, кога ќе се свртам на страна или ќе се разбудам поради тие остри болки. Тоа е како постојан кошмар за кој сум се обидувам да најдам решение и алтернативи, но тие ги нема. Се започна со првата операција и кога и да помислам на тоа се лутам, но сега е готово.

Во својата шокантна исповед, Дел Потро рече дека се отвора за јавноста затоа што „мисли дека е добро за него“, па верува дека неговите зборови ќе ги инспирираат и ќе им помогнат на другите луѓе.

„Не сакав да живеам ваков живот. Бев активен човек кој сакаше спорт, а не само да игра тенис. Одеднаш ме викаат да играм фудбал и јас сум тој што го носи пијалокот и седи покрај теренот…

Дел Потро објаснува и дека поради тоа се борел и со депресија, дека има денови кога веќе нема желба за борба, а тоа е особено кога имал големи болки.

“Кога ќе се разбудам, пијам шест до осум таблети – за болка и воспаление, аналгетици, за анксиозност, и една која служи за премачкување на мојот стомак поради сето тоа. Дали слабеам? Не, лековите ме тераат да се здебелам. Јас не јадам шеќер, не јадам брашно, но што има врска со моето колено и ме боли кога се качувам по скали, тоа нема да го реши проблемот. Сите доктори ми велат дека имаат машина која ќе ми го реши проблемот, но свесен сум дека нема, кажа Аргентинецот.

Тој посочи дека „емоционалната болка“ со која секојдневно се справува е уште поголем проблем, откако по осум операции, а лекарите дури му предлагаат да стави протеза и да заборави на болката.

“Многу пати размислував да го направам тоа, но што ми гарантира протезата? Велат дека ќе имам подобар квалитет на живот. Добро, совршено, тоа го барам – да не играм тенис. И тогаш друг доктор доаѓа кај мене и ми вели дека сум премногу млад за да ставам протеза и да чекам до 50 – години.  Дали ќе ги поминам следните 15 години вака, а птоа на педесет да ставам протеза и да живеам квалитетно до  60-годинишна возраст, јас сум во дилема за тоа, а зошто јас да донесам одлука ако сте вие доктор, само се надевам дека ќе бидам без болки еден ден, кажа во својата исповед Дел Потро.

ИЗДВОЕНИ