epa11779491 Team Norway celebrates after winning the EHF Women's EURO 2024 final match between Denmark and Norway, in Vienna, Austria, 15 December 2024. EPA-EFE/MAX SLOVENCIK

Женската ракометната репрезентација на Норвешка по десетти пат станаа европски шампиони откако во финалниот натпревар на континенталното првенство во Виена ја совладаа Данска со 31:23. Ова е трета последователна европска круна за норвешката репрезентација, а имаат и три сребра и бронза, што значи дека имаат освоено 14 медали на 16 европски првенства. Само во 2018 и 2000 останаа со празни раце.

Норвежанките ова лето го освоија и олимпиското злато во Париз, нивно трето во историјата.

За Данска, пак ова е четврто. Данска во финалето беше рамноправен противник само во првото полувреме кое заврши со водство на Норвешка со 13:12. Норвешка го отвори продолжението со серија 8:2 за големи +7 (21:14), по што веќе немаше дилеми за победникот на мечот и за тоа која селекција ќе го осови златниот медал.

,,Уште во септември одлучив дека сакам да завршам со националниот дрес, чувствував дека ова ЕП е последно за мене и во иднина сакам повеќе време да поминам со моето семејство. Веќе остварив многу со репрезентацијата и се гордеам со сите нашите заеднички патувања кои ги имавме. Ова дефинитивно е крај, како што кажав, сакам повеќе внимание да му посветам на семејството и мислам дека нема каење во тоа да поминеш повеќе време со семејеството. Играм за репрезентацијата од моите 19 години и мислам дека конечно е врема да седам дома, да ја декорирам куќата за новогодишните празници и да гледам ТВ”, изјави капитенот на Норвешка Камила Херем.

Најефикасни кај ново-старите европски шампиони беа Ела Хени Рајстад со осум и Емил Ховден со шест гола, додека Сиље Маргарета Солберг-Оестасел имаше 12 одбрани. На спротивната страна најефикасни беа Ен Мете Хансен и Мие Хојлунд со по пет гола.

Унгарија е трета

Во мечот за третото место Унгарија ја победи Франција со 25:24. Тоа е четврта бронза за Унгарија на европските првенства. Трети беа и на турнирите во Холандија (1998), Унгарија (2004) и Србија (2012), а на завршниот турнир во Романија во 2000 година го освоија единственото злато. Французинките на второто ЕП по ред загубија во мечот за третото место. Пред две години од нив подобра беше селекцијата на Црна Гора.

На Европското првенство кое заеднички го организираа Австрија, Унгарија и Швајцарија, настапи и македонската ракометна репрезентација и заврши на 18 – то место со два порази и едно реми во групната ваза. „Црвено – жолтите“ загубија од Шведска и Унгарија, а ремизираа со селкцијата на Турција.

ИЗДВОЕНИ