Управата за јавни приходи, во периодот од 1 до 30 ноември 2024 година, спроведе вкупно 907 контроли во согласност со Законот за регистрирање на готовински плаќања (ЗРГП). Од вкупно извршените контроли, кај 750 даночни обврзници не се утврдени неправилности, што покажува дека голем број даночни обврзници работеле во рамки на законските прописи.
– Сепак, кај 126 даночни обврзници УЈП утврди неправилности, кои се однесуваат на различни прекршоци и издаде прекршочни платни налози, како и решенија за привремена забрана за вршење на дејност на дел од нив и тоа: 93 глоби за неиздавање фискални сметки за извршен промет на добра и услуги; 10 глоби за неводење или непоседување книга за дневни финансиски извештаи; 16 глоби за непоседување на резервен фискален систем на опрема; четири глоби за непоседување на одобрен фискален систем на опрема; две глоби за неиздавање парагон блокови и една глоба за неприкажување промет од македонски производи. Во овие случаи, целта на УЈП не е само санкција, туку укажување и поддршка во правилната примена на законот и даночно усогласување на обврзниците – велат од Управата за јавни приходи.
Дополнително, во рамките на активностите во контролираниот период од УЈП констатирале три случаи на нерегистрирана дејност. За три даночни обврзници дадена е препорака во однос на неможноста за скенирање на фискални сметки од страна на купувачите со цел подобрување на нивното работење.
– Апелираме до сите даночни обврзници да ги почитуваат законските обврски да го регистрираат готовинското плаќање, да издаваат фискални сметки. Даночните обврзници кои имаат потреба од помош во процесот на усогласување со законските обврски, може да се обратат директно во Управата за јавни приходи, каде што ќе добијат поддршка и стручни совети за правилно спроведување на сите потребни процедури. Нашата цел е да обезбедиме помош и поддршка за сите даночни обврзници да можат успешно да ги исполнат своите обврски и да бидат усогласени согласно со законите – нагласуваат од УЈП.