Давид Ферер, тренерот на Дејвис куп тимот на Шпанија, не сакаше да открие дали Рафаел Надал ќе игра во сингл. Ферер, Надал и Шпанија ги чека завршниот турнир од Дејвис купот во Малага, каде што од денеска ќе го започнат четврт-финалето против Холандија.
Дејвис купот ќе биде последниот турнир во кариерата за Надал, но сè уште не е сигурно дали ќе се натпреварува во сингл, само во двојки – или воопшто не.
„Откако не игра некое време, ситуацијата е сè подобра и подобра, а тоа е најважно. Дали (Надал) ќе игра сингл, не знам, сè уште не знам…“ – изјави Ферер и додаде:
„Ќе видиме како ќе изгледа пред натпреварот, потоа ќе одлучиме. Но, дури и кога ќе одлучам, нема да ви кажам до последен момент.
Ферер сакаше да нагласи дека, кога е во прашање шпанската репрезентација, сè е во најдобар ред.
„Факт е дека сè ни оди многу добро. Атмосферата е многу добра, играчите добро се познаваат, тие се заедно долго време на турнејата. И секако, со оглед на тоа што ова е последен турнир на Рафа, сè добива уште поголемо значење“, подвлече некогашниот третопласиран тенисер.