Селекторот Јорданчо Давитков истакна дека е среќен затоа што обезбедиле пласман во квалификациите за ЕП, но не е задоволен од играта во денешниот меч.
- Натпреварот беше важен за двете репрезентации, но ние го остваривме планираното и се пласиравме во квалификациите за ЕП, но мора да работиме многу повеќе во иднина. Мислам дека во второто полувреме ги спречивме кошаркарите да ни постигнат повеќе поени, но не сум среќен со играта. Се мачевме две години за да стигнеме до квалификациите, а сега очекуваме нови предизвици, кажа селекторот.