Давидовски не освои бодови во Хокенхајмринг

159

Македонскиот возач Виктор Давидовски денеска го заврши настапот на втората трка од првенството ТЦР Европа (Touring Car Racing), возена на легендарната германска патека Хокенхајмринг.

Во првата трка Давидовски го освои 19.место а во втората 22-то.

– Можам само да кажам дека сум разочаран бидејќи очекував повеќе, но расплетот е таков каков што е. За жал излетувањето на тренингот доведе до тоа да имаме помалку тркачки километри, а тоа е нашата најголема болка, бидејќи исклучително е тешко да се најде перфектниот начин за штелување на возилото. Во првата трка покажав дека не ми недостига мотивација и бев на чекор до зоната за бодови, но ете ја пропуштивме и оваа шанса во најсилната конкуренција. Сепак, тука сме за да се бориме со најдобрите и само успех во оваа конкуренција може да биде доволна сатисфакција за сите напори кои ги вложуваме како единствен македонски тим што ја вози целата сезона со седум трки,- изјави Давидовски.

Третата трка од првенството ТЦР Европа се вози за две седмици на белгискиот автодром Спа Франкошамп.