Д-р Хасани се врати во операционата сала

348

Заменик министерот за здравство во оставка Илир Хасани на својот ФБ профил денеска  напиша ” Назад на работа!”  и објави фотографија како се подготвува да влезе  во операционата сала на Хируршките клиники во Скопје, каде што и претходно работеше.Тој е субцпецијалист трауматолог.

Тој на 10 септември како морален чин, погоден од страшната несреќа во модуларната болница во Тетово  поднесе оставка од функцијата, како заменик на министерот Венко Филипче. Доктор Хасани тоа го направи по два дена откако изгоре модуларната болница во Тетово, каде животот го изгубија 14 луѓе, а 12 беа повредени..

-И покрај фактор дека немам никаква врска со процедурите за модуларната болница, иако немам никаква врска ниту со организацијата на работата внатре во модуларната болница, мојата оставка е најмал чин кој што можам да го направам во овие тешки моменти, за да ги почитувам жртвите, повредените и новните семејства, рече Хасани.