Градскиот инспекторат ќе добие 50 полначи за мобилни телефони

130

Градот ќе добие донација 50 полначи за мобилни телефони, донација од Нула отпад. Одлуката за примање на донацијата Советот на Град Скопје треба да ја донесе на наредната седница што ќе се одржи во вторник.

Донацијата е во вредност од 28.969 денари со пресметан ДДВ.

-Донаторот Нула отпад достави барање од 19.4.2019 година за донацијата на 50 полначи на мобилни телефони на Град Скопје по реализирани акции на иницијатива на Град Скопје и во соработка со Скопје Лаб за одлагање на електронски и електрични уреди, пишува во одлуката .

Во неа е наведено дека во секоја општина се поставени информативни налепници на секоја станбена зграда, со цел граѓаните на територија на Скопје да бидат известени дека 24/7 можат да пријават ваков тип на отпад. По пријава на еколинијата 070 236 000 се организира преземање на овој тип на отпад бесплатно од праг на домот од страна на Нула Отпад како колективен постапувач.

Донацијата на 50 полначи на мобилни телефони кои Нула Отпад, ја предава на Секторот инспекторат на Град Скопје и таа ќе послужи како придонес кон нивната работата. При тоа, спроведувањето на одлуката не повлекува финансиски средства.