Одсекогаш сум привлекувала голем број мажи обожаватели и тоа не ми е чудно. Тоа се должи поради мојата харизма, моите хитови кои на секаде се пеат, па ете и тука во хрватската метропола. Значи момчињата ме сакаат, па сега ми подарија и сперма од животни, ама онаа која е убаво завиткана во крионска епрувета, вели популарната пејачка, од Нови Сад
Пејачите на своите концерти добиваат многу подароци од своите најверни фанови. Секакви стасуваат во нивните раце, а веќе добро опробаната формула на мажи пејачи да им подаруваат дурии женски гаќички од најогнените обожавателки (а, јавна тајна е дека ги добиваа Здравко Чолиќ, Владо Јаневски, Тоше Проески, Петар Грашо, Киќо Слабинац, Драган Мијалковски, Владо Калембер, Горан Бреговиќ, Благоја Грујовски….) стана зачестена појава.
Сепак, на завчерашен концерт на фолк-музика кој се одржа пред преполна Арена во Загреб, Хрватска, српската пејачка Дара Бубамара беше во вистински шок поради до сега добиен најоригинален подарок од својот фан. Бубамара за малку ќе се онесвестеше кога го отвори новогодишниот подарок, после концерт, во соблекувална. Имаше што да види: во една прекрасно завиткана крионска епрувета се наоѓаше сперма од див норвешки лосос! Оваа сперма во козметиката се користи за длабока интензивна репарација на човековата кожа. Тоа е скап и уникатен подарок!!!
-Секогаша добивам цвеќе, најмногу рози, чоколади, бомбони, тортички, но спермата од лосос е нешто најдоброто и најкреативното што некој обожавател ми го подарил, изјавила воодушевено Дара Бубамара, скокајќи од среќа.
Одсекогаш сум привлекувала голем број мажи обожаватели и тоа не ми е чудно. Тоа се должи поради мојата харизма, моите хитови кои на секаде се пеат, па ете и тука во хрватската метропола. Значи момчињата ме сакаат не само поради моите природно големи гради, раскажа веселата Дара, која и на овој настап во рамките на концертот “Кафанска вечер во Загреб“ публиката је доведе во делириум, а особено кога ги испеа хитовите “Овие ѕидови“, и “Кошава од Дунав“. Д.М.