Голден стејт спрема мега договор за Кевин Дурант

108

Финалистот во НБА-лигата и бранител на трофејот, Голден стејт, на својот кошаркар Кевин Дурант, кој ова лето ќе биде слободен агент, ќе му понуди нов долгорочен договор со можност за размена во било кој дел од сезоната.

Дурант поради повреда ги пропушти првите четири дуели од финалето со Торонто, се врати на петтиот и повторно се повреди. Тој има повреда на Ахиловата тетива и може да пропушти поголем дел од новата сезона, но и покрај тоа, раководството на „воините“ е подготвено за нова соработка.

Голден стејт губи со 2-3 во финалето со канадскиот тим. Шестиот натпревар ќе се игра ноќта меѓу четврток и петок во Оукленд со почеток во 3 часот.