Новиот сопственик на Твитер Илон Маск најави промени за корисниците на оваа социјална мрежа.
Шефот на Тесла и Спејс икс исто така додаде дека оваа фунцкија ќе ја следи „монетизацијата на креаторот за сите облици на содржината.
Еден корисник истакна дека Јутуб им дава на „креаторите 55 отсто од приходите од оаглас“.
Followed by creator monetization for all forms of content
— Elon Musk (@elonmusk) November 5, 2022
Маск исто така ја истражи функцијата за пребарување на Твитер и рече дека неговата компанија ќе ја се подобри.
Search within Twitter reminds me of Infoseek in ‘98! That will also get a lot better pronto.
— Elon Musk (@elonmusk) November 5, 2022
Овие најавени измени доаѓат откако Твитер почна да наплаќа осум долари месечно од корисниците кои сакаат да ја имаат оваа сина ознака покрај нивното име, а која означува верификувани профили на јавни личности. Сината птичка покрај корисничкото име досега беше бесплатна, а критичарите сметаат дека воведувањето паричен надомест ќе ја отежне идентификацијата на доверливите извори.