ВО ЗООЛОШКА ГРАДИНА СЕ РОДИ ГИБОНЧЕ: Мама Бетка со бебушот

119

Во скопската Зоолошка градина се роди бебе гибон.

– Белоракиот гибон е ендемски вид, а бебињата се раѓаат без или со многу малку крзно. Бебето гибон во првите месеци потсетува на вонземјанче, а во прегратките на мајката може да седи и до деветмесечена возраст – соопштија од Зоолошка.

Мама Бетка со бебушот им позираше на посетителите на градината кои викендов го искористија убавото сончево време во огромен број ја посетија Зоолошка.