Во Белград погребан Шабан Шаулиќ со рефренот на песната посветен на вдовицата Гоца:”Не плачи душо…”

173

Кралот на фолк музиката, како што сите со право го нарекуваа(т) Шабан Шаулиќ e погребан во Алејата на заслужните граѓани на новите гробишта во Белград. На самиот погреб непрегледна километарска колона од луѓе, неговата публика, неговите пријатели, почитувачи на неговата музика, неговото семејство, неговите роднини, колеги од естрадата…. Само лелек, солзи, молк…..на сите страни.

Срце да ти пукне. Најнеутешни, се разбира, беа неговите деца – ќерките Илда и Санела и синот Михајло, сопругата Гордана. Децата на гробот на својот татко се простиле многу емотивно: – Драг наш тато, не постојат зборови со кои можеме да ја опишеме нашата болка. Ти благодариме за љубовта, за безгрижниот живот, за среќата што ја имавме, засекогаш сме твои”.

Пред спуштањето на ковчегот со телото на Шабан, посмртниот оркестар ја отсвири и најтажната песна која Шабан во 1984 година и ја посветил на својата најголема љубов, сопругата Гоца: “Moja je draga svaku noc sama, samа u suzama….Ne placi duso, ja cuti doci, doci do ponoci…”  Инаку, за време на својот живот Шабан Шаулиќ своето пензиско осигуравање го плаќаше во Австрија, па со оглед на тоа тој бил австриски осигуреник.

Така што во случај на смрт или некоја несреќа, парите од осигурителната компанија одат на име на неговата сопруга Гордана, која од оваа трагична ситуација треба да добие паричен надомест од 500 илјади евра. А, според германските закони доколку во некоја сообраќајна несреќа на територијата на Германија се утврди чија е вината, во овој случај е утврдено дека виновен е Турчинот кој во пијана состојба го усмртил Шаулиќ, паричната казна ќе му биде ненормално висока. Се претпоставува дека е толку голема сума пари која обвинетиот Турчин нема да може да ја исплати дури ни за 5 животи. Д.М. (фото: Инстаграм, В.Шпорчиќ, Курир, Информер, Ало, ФБ, Блиц)