ВМРО-ДПМНЕ: Димитров прифати штетен договор

77

Никола Димитров прифати штетен договор со кој што ги операционализираше сите црвени линии на Грција, а не заштити ниеден македонски национален интерес. Со потписот на Димитров за жал власта за една намена презеде обврски во насока на бришење на уставното име на РМ, идентитетот на Македонскиот народ, македонската историја и култура, а презеде и отворени опции за нови и натамошни условувања.

Народот неколку пати порача што мисли за Капитулантскиот договор и за Димитров и неговите шефови Заев и Шекеринска. Народот ги игнорираше забавите на Димитров, народот го игнорираше Референдумот, народот ќе ја игнорира и забраната за употреба на придавката Македонски и забраната за користење на македонски топоними.

Димитров нема аргументи за извршеното предавство и упадот во уставниот поредок, за условување, заканите и корупцијата во Собранието, насилството врз судскиот и обвинителскиот систем. Нема одговор ниту за прозивките од ЕУ дека капитулацијата не е доволна за почеток на евроинтеграцијата.

Наместо одговор, Димитров најави нови злоупотреби на Собранието во екот на претседателските избори.

Оваа власт поинаку и не знае и не може.

На Република Македонија и се потребни предвремени парламентарни избори, избори на кои ликови како Димитров ќе заминат на буништето на историјата.

ВМРО-ДПМНЕ, Центар за комуникации