Фудбалерите на Баерн (М) многу полесно од очекуваното го освоија и трофејот во годинашното издание од Купот на Германија. Иако за противни во финалниот дуел го имаа секогаш незгодниот тим на РБ Лајпциг, пресметката на „Олимпискиот“ стадион во Берлин заврши со убедлив триумф на баварскиот гигант од 3:0.

Најзаслужен за новиот трофеј во клупските витрини е полскиот интернационалец Роберт Левандовски, кој постигна два погодока, а во листата на стрелци се запиша и Французинот, Кингсли Коман.