Според пишувањата на романскиот портал „ГСП“, францускиот репрезентативец Дика Мем од следната сезона би можел да го облече дресот на унгарскиот шампион Веспрем.
Од таборот на Веспрем се подготвени да платат оштета за да го донесат десниот бек во своите редови. Мем од сезона 2016/17 е член на Барселона и со каталонскиот гигант трипати ја освојуваше титулата во Лигата на шампионите.
Како што е познато, актуелниот европски шампион има финансиски потешкотии, кои го принудуваат да ги продаде најголемите ѕвезди. Веќе е познато дека Мелвин Ричардсон и голманот Гонзало Перез де Варгас ќе ја напуштат Барселона следното лето. Ричардсон, кој заработува милион евра годишно, веќе потпиша договор со Висла Плок, додека Гонзало Перез де Варгас постигна договор со Кил.