Велигденски средби во црквата „Св.Петар и Павле“ во Горно Лисиче

77

Во дворот на црквата „Св. Петар и Павле“ во Горно Лисиче денеска по 34 пат ќе бидат одржани традиционалните Велигденски средби.

Манифестацијата во чест на најголемиот христијански празник ќе почне во 10:30 часот, веднаш по завршувањето на велигденската литургија во црквата.

Од општина Аеродром која е пкровител, сооптија дека на Велигденските средби ќе има богата културно-уметничка програма со настап на голем број музичари, а според досегашното искуство, се очекува присуство и на голем број граѓани. Оваа година на Велигденските средби настапуваат групата „Фортуна“, Влатко Миладиновски, Стојне Николова, Даниела Темелковска, Влатко Лозановски, Орде Неделковски, Благица Павловска, Сузана Спасовска, ВИС „Аманет“, КУД „Никола Јонков Вапцаров“ и други уметници од македонската естрада.с