Британците бараат укинување на санкциите против Русија – повеќе од 10.000 луѓе ја потпишаа петиција

356

Повеќе од 10.000 Британци потпишаа петиција со која бараат од британската влада да одржи референдум за укинување на санкциите против Русија и запирање на помошта за Украина, објавено е на веб-страницата на британскиот парламент.

„Доколку не ја промени својата политика, Владата треба да одржи референдум во Велика Британија за ова прашање за најмногу шест месеци“, се вели во текстот на петицијата, која ја потпишале 10.089 лица.

Во текстот на петицијата, кој е објавен на веб-страницата на Парламентот, се наведува дека британската администрација интервенирала во конфликтот во Украина без одобрение на граѓаните на таа земја, кои поради тоа се „принудени да ги трпат економските последици “.

„Последиците вклучуваат поскапување на струјата, трошоците за живот, каматни стапки, инфлација, невработеност, зголемување на даноците, штрајкови, штети на бизнисот и отпуштања во државните служби“, се забележува во текстот.

Доколку петицијата е потпишана од повеќе од 10.000 луѓе, властите мора да се огласат за ова прашање и да се расправа во парламентот.