Британската кралица ќе прими вакцина против коронавирусот

42

Британската кралица Елизабета Втора би требало да ја прими вакцината против Ковид-19 во следните недели, а потоа да открие дека го сторила тоа со цел да охрабри што е можно повеќе Британци да го направат истото.

Сигурни извори блиски до кралското семејство тврдат дека кралицата Елизабета Втора (94) и нејзиниот сопруг принцот Филип (99), без посебен третман, ќе бидат меѓу другите Британци во првиот бран на вакцинација планиран за граѓани на возраст над 80 години, објави „Дејли меил“.

Кралската двојка се очекува да прифати да се вакцинира по препорака на нивните лекари, но тоа ќе го сторат и јавно за да ги охрабрат Британците да се вакцинираат и да ги игнорираат теориите на заговор за штетноста на вакцинацијата против Ковид-19.