Борис Џонсон: Ќе се борам за функцијата премиер

120

Британскиот пратеник и водечки поддржувач на Брегзит, Борис Џонсон рече дека ќе се бори за функција премиер откако Тереза ​​Меј најави дека ќе поднесе оставка.

Џонсон и оддаде признание на Меј за трпението и тоа што стоечки ги издржа сите тешкотии околу Брегзит.

Според него, следниот британски премиер, исто така, може да ги оживее блокираните разговори со ЕУ за договорот за излез.

-Нов лидер ќе има можност да ги направи работите поразлично и ќе даде импулс на новата влада, рече Џонсон, неколку часа откако Меј најави дека се повлекува следниот месец.

Според него, Британија треба да биде подготвена да ја напушти ЕУ без договор ако сака да преговара за соодветна спогодба за излез.

-Ние ќе ја напуштиме ЕУ на 31 октомври со или без договор, рече тој.

-Начинот за постигнување на добар договор е да се подготвиме за варијанта и без него, смета Џонсон.