Болните од ковид ќе се лечат со „ивермектин“, вакцините на „Фајзер“ пристигаат во февруари!

Лекот кој влева надеж кај болните од ковид веќе од денеска треба да биде достапен и во земјава. Агенцијата за лекови МАЛМЕД на последниот ден од 2020 година ги издаде потребните одобренија за лекот „ивермектин“, кои веќе стигнале до неа од неколку болници и веледрогерии од земјава. Колку точно се пријавени компании за набавка на лекот не се знае, но се вели дека станува збор за неколку оператори.Другата позитивна вест во битката со ковид-19 пристигна од министерството за здравство, од каде најавија дека Македонија ќе ги добие првите дози на фајзер-вакцината во февруари.

7819

Лекот кој влева надеж кај болните од ковид веќе од денеска треба да биде достапен и во земјава. Агенцијата за лекови МАЛМЕД на последниот ден од 2020 година ги издаде потребните одобренија за лекот „ивермектин“, кои веќе стигнале до неа од неколку болници и веледрогерии од земјава. Колку точно се пријавени компании за набавка на лекот не се знае, но се вели дека станува збор за неколку оператори. Информацијата ја потврди директорот на агенцијата, Лирим Шабани.

-Сите кои доставија барање до нас добија одобренија. И во следниот период ако побара и друг ќе им дозволиме увоз. Најважно е лекот да стигне, потврди Шабани.

Надлежните стравуваа дека поради ниската цена на „иверметкин“ нема да има заинтересирани економски оператори. Засега не се знае колкави количествапрвично ќе бидат набавени. Познато е само дека денеска Градската болница 8 Септември ќе достави барање до МАЛМЕД за интервентен увоз. „Ивермектин“ влезе и во протоколите на Пулмологија што ќе важат и за ковид-центрите во интерните клиники, а ќе биде достапен во таблетарна форма за македонските пациенти.

Пред МАЛМЕД да ги издаде одобренијата, претходно, зелено светло за лекот даде и Комисијата за заразни болести откако доби гаранција од лекарите дека е безбеден и дава надеж во битката со вирусот, евтин е и ефикасен.

Истиот до сега се набавуваше на своја рака од странство, во главно од Грција и Бугарија за цена од 10 до 12 евра. Станува збор за евтин, безбеден, ефикасен и лек без сериозни нус производи, кој помага во намалувањето на времетраењето на болеста и смртноста. Овој лек го користеле двајца пациенти со потешка клиничка слика во ГОБ 8 Септември, но нивните семејства го купувале сами од странство и сè уште нема одговор за тоа каков бил ефектот од терапијата.

Епидемиолози и микробиолози укажаа дека може да направи пресврт во пандемијата.

Изминатиот месец, македонски граѓани но и медицински лица го набавуваа од соседна Грција и Бугарија каде една кутија чини од 10 до 12 евра.

Другата позитивна вест во битката со ковид-19 пристигна од министерството за здравство, од каде најавија дека Македонија ќе ги добие првите дози на фајзер-вакцината во февруари.

-Чест ми е да информирам дека во февруари ги добиваме првите дози на фајзер вакцината. Република Северна Македонија во февруари ги добива првите дози на фајзер-вакцината. Денеска попладне постигнавме директен договор со компанијата, а количеството ќе биде познато во текот на следните недели. Следните дози од вакцината на „Фајзер“ ќе пристигнат во март и април. Министерството за здравство продолжува разговори за обезбедување вакцини и преку преговори со земјите членки на ЕУ како и преку Ковкакс механизмот од каде што се очекува распоредот и датумот за дистрибуција на првите количини. Ова е одлична вест за сите граѓани и прв чекор кон конечна победа над пандемијата, објави министерот Венко Филипче.

Филипче истакна и дека во јануари се очекуваат и фрижидерите за складирање на овие вакцини и со тоа македонскиот здравствен систем ќе биде целосно подготвен за вакцинацијата.