Богата понуда за Вилсон

134

Амбициозните сопственици на англискиот премиерлигаш Вулверхемптон, ќе се обидат за време на летниот преоден рок да ги осигураат услугите на големиот талент од редовите на Ливерпул, Хари Вилсон.

Поради голема конкуренција, Вилсон беше испратен на едногодишна позајмица во редовите на англискиот второлигаш Дерби Каунти, но благодарение на 18-те постигнати погодоци, 22-годишниот фудбалер го привлече вниманието на англиските клубови. Неофицијално, челниците на Вулверхемптон се подготвени да одвојат околу 25 мил. фунти за неговото обесштетување.