Беше подобар од Роналдо, а сега глуми во порно филмови

152

Пред Кристијано Роналдо да стане еден од најдобрите фудбалери на сите времиња, фудбалската икона и најплатен спортист на сите времиња беше момче кое се обиде да се пробие меѓу професионалците преку фудбалската академија на Спортинг од Лисабон. Паралелно со него тоа го правеше и Фабио Паим, поталентиран и подобар играч во тие денови, чиј начин на живот го оддалечи од фудбалот. Во интервју за „Сан“ минатата година, тој се присети на неговите заеднички денови со Роналдо.

Денес, Паим веќе не е сигурен дали Роналдо, со кој во тинејџерските денови ја делеше љубовта кон фудбалот и брзата храна, воопшто се сеќава на него. Заедно беа и на летни одмори и поминаа многу време пред Роналдо да стане светски познат, а тој се заглави во замките кои доаѓаат со популарноста и богатството на фудбалер во подем.

Меѓутоа, сега тој повторно стана тема на бројни медиуми, а причина за тоа е фактот што стана актер во филмови за возрасни.

„Во Португалија се прошири веста дека глумев во порно филм, сите полудеа. Во подкастот кажав дека сон ми е да бидам порно актер и веднаш добив многу понуди. Бев на вести, бев на насловните страници на весниците… И ништо не направив. Бидејќи сите веќе зборуваа за тоа, мислев дека треба да снимам филм. И јас го направив тоа. Ќе кажам едно: добро е да се има секс, а сепак да се плаќа за тоа“, изјави Паим во интервју за „Глобо Еспорте“ и додаде:

„Кога игравме за Спортинг и живеевме во академијата, живеевме на стадион. Навечер одевме во Мекдоналдс за да земеме хамбургери кои никој не ги сакаше и кои не беа доволно добри за да се продадат. Секоја вечер одевме да земеме хамбургери. Клубот го знаеше тоа, не беше како сега и имавме дозвола да го направиме тоа“, изјави Паим за „The Sun“ минатата година и продолжи:

“Го запознав Роналдо кога имав осум години, бев нов во Спортинг и отидовме на турнир во Мадеира. Уживавме. Го паметам како голем работник, посветен и некој кој сакаше да биде најдобар. Тој напор го доведе до каде е тој не можеше да знае колку ќе биде добар“.

ИЗДВОЕНИ