Баскери и живи статуи ќе ги забавуваат скопјани

197

Од 20 до 22 јуни со почеток од 18:30 до 23 часот на централниот плоштад во Скопје и на улицата „Македонија“ која води од плоштад кон Мајка Тереза ќе се одржи Интернационалниот фестивал за баскери и живи статуи СТАТУАФЕСТ И БАСКЕРКАРАВАН.

На фестивалот свое учество ќе земат светски познати артисти, баскери и живи статуи од Шпанија, Германија, Украина, Венецуела, Хрватска, Србија и секако нашите професионални артисти.

За музичкиот дел се задолжени Тони Зен и ДЏ Бугимен, како и Онија Блузерите.

Главен покровител на фестивалот е Град Скопје, а организатор е Здружението на граѓани ТИМ ТЕАТРОС К од Скопје.