Лидерот на Демократската унија за интеграција (ДУИ) Али Ахмети вечерва на собир пред Уставниот суд, каде што од вчера се организира т.н. „Стража на јазикот“, побара Судот да ги отфрли поднесените 13 иницијативи за оспорување одредби во Законот за употреба на јазиците.
-На 11 декември, ние бараме Уставниот суд, ако е навистина Уставен суд кој дели правда, ако е суд кој размислува за демократија во државава, за мир и стабилност, а не е суд кој става бензин врз огнот, да ги отфрли сите 13 иницијативи, да нѐ остави на раат да си одиме дома. Нема да има мир ако не биде така… Далеку рацете од промената на Законот за јазиците. Ако сте добри и визионерски политичари, вие ќе го унапредевте јазикот, а не да го укинувате… Ние сакаме мир, ние сакаме демократија, ние сакаме слобода. Ја сакаме за сите. Сакаме нашата земја да биде секогаш напредна и што е можно поблиску до Европската Унија – порача Ахмети на собирот каде што присуствуваа лидери на партиите кои се дел од коалицијата Европски фронт што ја предводи ДУИ.